Државната изборна комисија денеска треба да ги соопшти резултатите од вкрстената анализа на податоците од Избирачкиот список со 10 бази на различни државни институции.
Од денот на објавувањето на Избирачкиот список на својата веб страна до денес околу 5.000 граѓани пријавиле проблематични случаи во однос на податоците
Од ДИК информираат дека веднаш потоа ќе започнат подготовките за спроведување на теренската проверка.
Предмет на ваква проверка ќе бидат и дел од нерегуларностите кои ги пријавиле граѓаните, додека другите ќе се проверуваат преку евиденциите на надлежните органи, а за известувањата на граѓаните за грешки во евиденциите за живеалиште ќе се постапува по спроведените вкрстени проверки.
Избирачкиот список треба да биде подготвен најдоцна до 17 април.