Заврши средбата на Заев со партнерите: Да не се брза со оставката

by Фокус

Сите лидери на владејачките коалициски партнери, на денешната средба на Илинденска со премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, изразиле поддршка за актуелното парламентарно мнозинство, дознава Фокус.

Според нашите извори, Заев на средбата истакнал дека не може да го менува ставот дека ќе се повлече од премиерската функција и лидерската позиција во СДСМ, после победата на опозицијата на локалните избори.

Меѓутоа, додаваат нашите соговорници, останатите партнери побарале тој да не брза со оставката, бидејќи во следниот период потребна е стабилна влада, со оглед на одредени најави дека Бугарија може да ја крене рампата за почеток на преговори со ЕУ, а претстои и сериозна енергетска криза.

Поточно, велат тие, дел од присутните сметале дека оваа влада треба да опстои најмалку до Нова Година, па дури потоа евентуално да се процесуира оставката и да се избере нова влада.

Ниту еден од учесниците на средбата не се изјаснил дека се потребни предвремени парламентарни избори, туку, според неофицијални информации, повторно станало збор за проширување на парламентарното мнозинство, на што ќе се работи следниот период.

В.С.

Поврзани новости