Заев да ја повлече оставката, избрзана е, порачува Груби

by fokus

Сите партнери кои учествуваат во Владата беа апсолутно против оставката на Зоран Заев зошто сметаат дека беше избрзана и дека граѓаните очекуваат да продолжи со политиките, порача вицепремиерот од редовите на ДУИ, Артан Груби, по средбата што ја имаа партнерите во владината коалиција. На неа не присуствувал лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на Груби беше придружуван од министрите Бујар Османи и Фатмир Бесими.

Тој беше дециден дека Заев треба да ја повлече оставката.

-Не смееме да си дозволиме авантури во овие кршливи моменти за државата. На државата не и треба нестабилност и несигурност, рече Груби. Тој дообјасни дека ова се локални, а не парламентарни избори, дека добиле мандат да ја водат земјата на евроатлантскиот курс и дека сите сметаат дека само оваа влада може да ги реши проблемите со Бугарија, да го гарантира Преспанскиот договор, да ги гарантира меѓуетничките односи и да обезбеди напредок во евроинтеграцијата.

Поврзани новости