Заврши протестот во Белград: Според власта имало 7.500 луѓе, според организаторите 35.000

by fokus

Со повик до власта барањата на опозицијата да ги исполни во рок од шест денови, во спротивно седмиот ден ќе биде организиран уште поголем протест, заврши вечерашниот собир „Еден од пет милиони“ во Белград.

Последни на протестот говореа лидерите на опозицијата, кои бараат формирање на заедничка комисија на Владата и опозицијата за дефинирање на фер и чесни изборни услови, изборот на нов состав на Регулаторното тело за електронски медиуми и изборот на технички и уреднички тим на Радио-Телевизија на Србија и Радио Телевизија Војводина

Според, Зоран Живковиќ на протестот, кој мина мирно без инциденти, присуствувале 35.000 лица и е најголем по оној на 5 октомври.

Власта пак тврди дека на протестот имало околу 7.500 луѓе.

 

Поврзани новости