Мицкоски како Груевски: Едночасовен говор и порака дека можат и да го уапсат за Македонија

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг пред Владата ги потсети присутните на неговиот претходник, азилантот Никола Груевски, кој им држеше долги говори. Говорот на Мицкоски траеше речиси еден час, а имаше и слични пораки со оние кои во минатото ги упатуваше Груевски.

Мицкоски рече дека можат и да го убијат и да го уапсат, но тој нема да се откаже од правда за Македонија.

-Кога доаѓав наваму се видов со мајка ми. Ми рече внимавај синко, тешки времиња се. Јас го избрав мојот пат, мојот пат е правда за Македонија. Нашите животи не вредат ни пет пари ако немаме правда. Може да ме убијат, може да ме уапсат, ама вербата за правда никогаш нема да исчезне, рече Мицкоски.

Неговиот претходник и поранешен премиер изјавуваше дека ако треба и затвор ќе лежи за Македонија, но кога дојде време да оди во затвор, тој се одлучи да избега во Унгарија.

К.С.

Поврзани новости