Заврши испумпувањето на фекалиите од ископот кај МНР

by fokus

Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ денеска прекинаа со испумпување на фекалиите кои беа собрани во ископот за изградба на нова зграда веднаш до зградата на МНР.

Тие во изминатите 48 часа со пумпи ги испумпуваа фекалиите и преку цевки ги насочуваа кон коритото на Вардар.  Сепак, како мерка на претпазливост, вработени од „Водовод и канализација“, со  големи пумпи за испумпување се уште се на терен.

Според надлежните, излевањето на фекалиите настанало бидејќи компанијата која гради направила несоодветно поместување на фекалниот колектор кој се наоѓал на местото каде сега е планирана новата зграда.

Поврзани новости