Шилегов: „Скопје 2014“ станува опасен по живот

by fokus

Последните дождови покажаа дека Скопје 2014, мегаломанскиот проект на Никола Груевски, освен што е пералница за пари, станува реална опасност по безбедноста на граѓаните на Скопје, реагира денеска Петре Шилегов од СДСМ.

-И покрај сите ревизии и покрај сите докази за лошо спроведните планови за градба, досега никој не поднесе одговорност. Што уште треба да се случи за да некој понесе одговорност за загрозување на безбедноста на скопјани? До кога граѓаните на Скопје ќе стравуваат од најобичен дожд? Постои ли план за заштита на градбите крај Вардар? Јавноста мора да знае дали некои од објектите од мегаломанскиот проект, претставуваат закана за општата безбедност, рече Шилегов.

Тој ги повика институциите да обезбедат непречен пристап на новинарските екипи внатре во подрумите и темелите на објектите за граѓаните да видат како тие изгледаат.

Поврзани новости