ДОМ: Огорчени сме од малтретирањето на поплавените семејства од страна на надлежните институции

by fokus

Среде поројните дождови што ја зафатија земјава, ДОМ е огорчен од малтретирањето на поплавените семејства што им се прави од страна на надлежните институции, реагираат денеска од партијата.

-Затоа апелираме до нив: Наместо да ги шетате по бирократски лавиринти, дајте им реална помош на поплавените! Непристојно е овие измачени луѓе да се шетаат по нотари или со недели да се бараат на списоци распослани како чаршафи, за да станат кандидати за „големата награда“ од 500 евра. Уште понепристојно е, а и болно, наместо свое име, да најдат имиња на луѓе кои воопшто не живеат во поплавеното подрачје!, се вели во реакцијата на ДОМ.

Од ДОМ бараат раководните лица во овие институции да ја проследат сериозно состојбата, да утврдат кој и во чие име ги злоупотребува несреќните граѓани и конечно, под итно да обезбедат да се испорача ветената помош.

Поврзани новости