354
45 лица кои се наоѓаат на издржување на казна затвор или се во притвор во истражниот затвор Шутка, во затворите во Куманово, Штип и Идризово денеска го искористиле своето избирачко право и гласаа за референдумот за ГТЦ во општина Центар.
Според информациите од ДИК гласањето поминало во ред, а записниците се под надзор и овие гласачки ливчиња ќе се бројат утре по 19 часот заедно со другиот материјал. Денеска е распределен и избирачкиот материјал во сите 78 избирачки места.