СДСМ од Гостивар: ВМРО ДПМНЕ ги користи државните фирми како да се партиски

by Фокус

Благојче Трпевски од СДСМ, Гостивар на денешната прес конференција објавува аудио снимки за узурпација на компаниите во градот, за пазарот на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ, како и за партизација во општината.

Во првиот сет снимки СДСМ тврди дека се злоупотебувале фирмите.

Влатко Чинговски од ЕЛЕМ преку Алексадар Лефковски од ХЕЦ Маврово бара да обезбеди службено возило за време на пописот. Потоа Влатко Чинговски од Онер Јакуповски директор на Национален парк Маврово, за претседателот на ВМРО ДПМНЕ Дебар  бара вработување. Беше одново пуштен разговорот на Никола Груевски и Миле Јанкиевски како УМС да го земе радио Гостивар и да го работи.

Поврзани новости