Затекнатите македонски граѓани во Словенија ќе имаат легален престој

by Fokus

Македонските државјани, кои се затекнати на територијата на Словенија, а им е истечена работната дозвола или дозволата за престој, ќе се смета дека легално престојуваат во земјата.

Ова го соопшти македонската амбасада во Љубљана на официјалниот профил на Твитер. Тие се повикуваат на одлука од словенечкото Министерство за надворешни работи.

Легален престој ќе имаат и македонските државјани на кои ќе им истече рокот за престој од 90 дена во рамките на 180 дена.

Поврзани новости