Застрелани двајца македонски државјани на Халкидики

by fokus

Двајца македонски државјани ноќеска биле застрелани во Ханиоти, Халкидики, јавуваат грчките медиуми.

Околу 3:30 часот биле застрелани две лица од Северна Македонија. Тие веднаш биле пренесени во Здравствениот дом Касандра. Еден од двајцата, 39-годишен e мртов, додека неговиот 45-годишен пријател е хоспитализиран со повреди во болницата Полигирос, јавуваат медиумите.

Според очевидци, две непознати лица со качулки на мотор се приближиле до изнајмениот апартман во којшто престојувале и пукале во нив.

Поврзани новости