Застрелан дански фудбалски репрезентативец

by Fokus

Данскиот фудбалски репрезентативец Ники Били Нилсен е застрелан во Копенхаген од огнено оружје, пренесуваат медиумите од Данска.

Инцидентот се случил во неговиот дом, а Нилсен бил застрелан во неговото рамо и веднаш бил пренесен во болница. По ваквите случувања, полицијата уапси две лица.

Нилсен е некогашен напаѓач на Вилјареал, Елче, Рајо Ваљекано, Розенборг, Евијан, Лех, Есбјрег, Паниониос. За репрезентацијата на Данска настапи на три натпревари и постигна еден гол.

Поврзани новости