Касами го условува Заев: Или ќе седнеме на маса, или да си бара други гласови за уставните измени

by fokus

Лидерот на Беса, Биљал Касами го повика премиерот Зоран Заев да седнат на маса и да разговараат за барањата на БЕСА. Во спротивно тој се закани дека Заев ќе треба да си бара други гласови за уставните измени.

-За нас е важно премиерот да седне да видиме кои се можностите, во кој дел може да се прифатат нашите барања. До сега немаше таква атмосфера. Ако вака се продолжи тогаш најверојатно мнозинството треба да размислува да најде уште гласови. Значи бараме нозинството да седне со нас и да ги разгледаме нашите барања – порача Касами.

Одлуката дали партијата ќе ги поддржи уставните измени ќе ја донесе централното претседателство на БЕСА.

Инаку БЕСА до сега бараше освен уставните амандмани согласно Договорот од Преспа, Уставот да претрпи измени така што, велеа од таму, ќе се унапредат правата на Албанците.

Поврзани новости