Застарувањето на делото за Даравелски е готова работа, останува само конфискацијата, вели Бубевски

by fokus

Застареноста на делото за Даравелски е веќе завршена работа, но конфискација на имотот не зависи од застарувањето, вели во неделното интервју основниот јавен обвинител Гаврил Бубевски. Според него реална е опасноста поранешниот шеф на УБК Мијалков да се спаси од казната во „Титаник 2“, но се надева дека нема да застарат предметите „Таргет-тврдина“ и „Трезор“ во кои исто така тој е еден од обвинетите. Бубевски не очекува со супервештачењето, вината за автобуската несреќа кај Ласкарци да падне само врз возачот.

-Ние како Обвинителство дадовме свое мислење во однос на барањето за повторување на постапката и сметавме дека барањето по тој основ по кој е побарано е задоцнето. Дадовме негативно мислење со тоа што оставаме на Судот да си одлучи за евентуално преземените меѓународни обврски доколку давале одредени гаранции за повторување на постапката со оглед дека ЈО такви гаранции не дава.

Судот донесе своја одлука во којашто сметаше дека рокот не е поминат, односно дознавањето за пресудата го сметаше во рокот од една година од кога дознал. Поднесовме жалба, но Апелацискиот суд ја потврди одлуката на Кривичниот суд. Со тоа мислам дека застареноста за кривично гонење со повторување на постапката за овој обвинет е веќе завршена работа.

Но можеби и веројатно овде ќе има простор да се оди директно на конфискација на имотот и на имотната корист затоа што таа не зависи од застарувањето и ќе видиме со надлежниот обвинител од кога би се констатирала таа застареност да се почне постапката за конфискација на имот и имотна корист којашто е независна од ова, вели Бубевски во интервју за Радио Слободна Европа.

Поврзани новости