Засилени контроли во градинките за да се види дали се примаат невакцинирани деца, предлага Комисијата за заразни болести

by Fokus

Поради состојбата со големата кашлица, Комсијата за заразни болести донесе нови препораки кои ќе важат на целата територија на државата.

– Во Македонија вкупно денес имаме 123 заболени лица со пертузис, од кои 109 лица се во град Скопје. Оправданоста на епидемијата која е прогласена во Скопје доби потврда. Не може да кажеме дека состојбата се разгорува на национално ниво што е добро.

Работат вакциналните пунктови во две смени и се аплицирани се 22.395 дози вакцини. Вакцинацијата се одвива добро и ќе продолжи со исто темпо. Препорачуваме Државнот санитарно здравствен инспекторат да го засили инспекцискиот надзор на територијата на Град Скопје да добиеме пореална слика дали се почитува препораката на Комисјата дали се примаат или не се примаат невакцинирани деца во градинките.

Комисијата за заразни болести препорача да се овозможи тестирање на територија на цела држава за пертузис, досега таква можност немаше. Следната препорака е дигитална евиденција за вакцинација да биде задолжителна за да има реален и подобар преглед на податоците во однос на децата кои се вакцинираат – истакна портпаролот на Комисијата, д-р Злате Мехмедовиќ.

Поврзани новости