ОН: Убедливи информации дека Хамас извршиле сексуално насилство врз заложниците во Газа

by Fokus

Тим на Обединетите нации соопшти дека има „убедливи информации“ дека Хамас извршиле сексуално насилство врз заложниците кои ги држеле во Газа. Како што се наведува во извештајот, заложниците биле изложени на сексуално насилство, вклучувајќи силување и сексуализирана тортура.

„Потои основа да се сомневаме дека злоупотребата сè уште трае“, соопштија ОН.

Според информациите, имало и групни силувања, кога Хамас го нападна Израел на 7 октомври.

Се наведуваат и три локации каде биле извршени овие злосторства – локацијата на музичкиот фестивал Нова и неговата околина, Road 232 и Kibbutz Re’im, се додава.

Израелското Министерство за надворешни работи соопшти дека го поздравува „дефинитивното признавање дека Хамас извршил сексуални злосторства“.

„Советот за безбедност на ОН сега треба да го прогласи Хамас за терористичка организација и да воведе меѓународни санкции против него, рече портпаролот Лиор Хајат.

Хамас негираше дека неговите вооружени лица сексуално ги нападнале жените за време на нападите.

Во извештајот на ОН се вели дека „тимот на мисијата открил дека има разумни основи да се верува дека сексуалното насилство поврзано со конфликти се случило на повеќе локации за време на нападите на 7 октомври“.

Поврзани новости