Заразените со корона вирус во Франција ќе бидат во карантин седум дена

by fokus

Времетраењето на карантинот ќе се намали на 7 дена, „за време на кој постои реален ризик од зараза“ соопшти францускиот премиер Жан Кастексм.

-Од суштинско значење е да се почитува оваа изолација, додаде премиерот, велејќи дека ќе има „проверки“. За лица кои биле тестирани позитивни и случаи на контакт, ќе бидат спроведени дополнителни вработувања во рамките на здравствено осигурување и регионалните здравствени агенции за извршување на трагањето“, најави Жан Кастекс.

-Ние мора да успееме да живееме со вирусот, без повторно да влеземе во логика на генерална изолација за сите, рече Кастекс, потенцирајќи го возобновувањето на епидемијата во Франција.

-Нашата стратегија не варира. Борба против вирусот избегнувајќи да го ставаме во мирување нашиот социјален, културен, економски живот, образованието на нашите деца и нашата способност да живееме нормално, додаде тој.

Оливие Веран ќе продолжи со „своите редовни информации“, како што беше случај за време на затворањето и до летото, објави и премиерот. Дотогаш, тој апелира, како и обично, „на чувството на одговорност на секој од Французите“.

-Особено, ги замолувам старите лица да покажуваат најголема претпазливост, рече тој. Пред да заклучи: „уште неколку месеци мора да покажеме континуирана одговорност“.

За луѓето со симптоми, кои биле во контакт со луѓе позитивни на коронавирус или професионално изложени, државата ќе ги „зајакне наменетите центри за тестирање“, најави премиерот. Така, „лабораториите ќе резервираат одредени временски периоди за нив“ и шаторите за тестови ќе бидат подигнати за таа цел, поставени во области каде што е најголемата потреба.

Поврзани новости