Отворена изложбата на дела од Меѓународна струмичка ликовна колонија

by fokus

Во Изложбениот салон на Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица синоќа беше отворена традиционалната изложба на дела создадени на 57. Меѓународна струмичка ликовна колонија.

Изложбата ја отвори градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, кој им се заблагодари на ликовните творци за збогатувањето на големата ликовна збирка на Струмица.

-Ги имаме на показ творечките ликовни продукти кои беа создадени од 10 до 20 август во рамките на колонијата, во услови на почитување на однапред утврдени протоколи кои беа нужни во ова време на пандемија. Уметноста и уметниците се издигнаа над злото кое демне над сите нас и како резултат на тоа беа создадени овие триесет дела во различни ликовни дисциплини, кои вечерва се изложени пред струмичката и пошироката јавност, рече Јаневски.

Отворањето на изложбата беше во рамките на одбележувањето на Денот на ослободувањето на Струмица – 11 Септември.

Поврзани новости