Започна средбата Хан-Заев

by fokus

Еврокомесарот за соседска политика и проширување на Европската унија, Јоханес Хан, пристигна во Владата каде ќе има средба со премиерот Зоран Заев. Хан ќе присуствува и на тематска седница на Владата посветена на итните реформски приоритети за евро-атланските интеграции.

Целта на посетата на Хан во Скопје е да разговара за реформите што Европската унија ги очекува од земјата како и да ја повтори пораката на ЕУ за препораките и насоките за влез во Унијата.

По средбата со премиерот Заев, Хан ќе има средба со владина делегација составена од вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Еврокомесарот Хан и премиерот Заев ќе одржат заедничка прес-конференција за медиуми во 14 и 45 часот во Владата.

Поврзани новости