Запленет кокаин вреден 14 милиони евра во Солун

by Фокус

Околу 300 килограми кокаин скриени во контејнер со банани биле откриени во Солун, по што биле и уапсени четири лица.

Според министерот за цивилна заштита на Грција, се проценува дека запленетиот кокаин е во вредност од 14 милиони евра.

Од грчката полиција соопштија дека од уапсените четири лица, странски државјани на возраст од 38 до 52 години, двајца имале водечка улога во меѓународна мрежа за шверц на дрога.

Дрогата била скриена во легален контејнер со банани што тргнал од Колумбија, а кокаинот бил наменет за Европа и Австралија.

Разбивањето на меѓународната мрежа било во соработка со канцеларијата на Американската агенција за борба против дрога во Солун и со италијанските власти.

Поврзани новости