Шолц побара санкции за Русија, што одговори Вучиќ?

by Фокус

Германскиот канцелар Олаф Шолц со посетата на Белград, каде беше пречекан од српскиот претседател Александар Вучиќ, ја започна балканската турнеја.

-Канцеларот Шолц на остар начин побара Србија да им се приклучи на санкциите кон Русија. Јас говорев за нашите односи со Руската Федерација. Зборувавме и за претстојната зима и му укажав на сите тешкотии со кои се соочуваме – изјави Вучиќ.

Тој додаде дека Шолц бил мошне љубезен и фер и дека понудил помош за изградба на енергетски капацитети, кои би требало Србија да ја поврзат со останатиот дел од регионот.

-Германија и Србија сè подобро соработуваат на полето на економијата. Имаме пораст во меѓусебната размена од 25 отсто, во однос на претходната година. Покриеноста на увозот ни е 83 отсто, благодарејќи на тоа што привлековме голем број на нивни компании. Се надевам дека ќе дојдеме до 10 милијарди трговска размена и дека 100.000 луѓе кои работат за германските инвеститори – додаде Вучиќ.

Шолц истакна дека со Вучиќ разговарале на теми кои се битни за двете земји, а пресреќен е од развојот на економските односи.

-Сите сме затечени од страшната војна, која Русија ја започна против Украина. Веќе има голем број на жртви. Ова е бесмислена војна и многу е битно да се обединиме против неа – изјави Шолц, потенцирајќи дека ќе биде битно поголем број на земји да им се придружат на санкциите против Русија.

Поврзани новости