Љубчо бара извинување за Јован: Победи неговата идеја за црковното прашање

by Фокус

Со Нишкиот договор, сите постапки за добивање на самостојност на Црквата беа исти како и при актуелнава процедура со мала разлика во временската рамка, вели поранешниот премиер Љубчо Георгиевски во емисијата Во Центар.

Тој го спомена и прогонот врз расчинетиот Јован заради што, како што истакна, дваесет години се занимававме со човекови права, а тој прогон е регистриран во сите извештаи на Стејт Департментот.

-И, сега, што е најинтересно, ние се правиме на Тошо како општество, меѓутоа Јован победи со неговата идеја. Ова што се случува сега, тоа е патот, кој требало да се следи, тоа е неговата идеја и македонското општество треба да му се извини на Архиепископот Јован – посочи Георгиевски.

Според него, државата постојано ги одложува решенијата на проблемите и на крајот плаќа постапа цена.

Поврзани новости