146
Веќе со часови противпожарните екипи се обидуваат да го изгасат пожарот во Трубарево, кој се уште испушта црн и густ чад во воздухот.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, појаснува дека електронскиот отпад ќе се гасне со песок.
-Дел од пожарот зафаќа дрвја, даски, пластика и друг запалив материјал. Делот во кој се наоѓа електронскиот отпад ќе го изолираме и ќе го гаснеме со песок. Во секој момент ќе пристигне голема количина на песок, изјави Ангелов.