Запалени банкомати во Топанско Поле

by fokus

Неколку лица со закана со оружје утринава во деловен објект во Скопје нападнале чувар, а потоа запалиле неколку банкомати кои биле во склоп на деловниот објект.

-Во 05.54 часот во СВР Скопје било пријавено дека во деловен објект на ул.„М.К.Бригада“ во Скопје неколку лица со закана со оружје го нападнале чуварот Ш.М. Потоа, запалиле неколку банкомати кои биле во склоп на деловниот објект, информираат од МВР.

Оттаму посочуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости