Во раните утрински часови непознати сторители го запалиле семејниот автомобил на хуманитарецот и шоумен, Боки 13. Џипот од марката ,,БМВ 5’’ кој бил паркиран пред домот на Бојан Јовановски, во Тафталиџе, непознатото лице го полило со бензин околу два часот, а потоа и го запалило.
Силната експлозија ги разбудила и соседите, а полициски екипи излегле на увид. Јовановски го потврди настанот за ,,Фокус’’.
Додава дека автомобилот е целосно уништен, но не отркива повеќе детали за јавноста, додека истрагата е во тек. Јавноста е згрозена од овој чин. Боки, кој е претседател на Меѓународниот Сојуз Скопје, организација која се грижи за најранливите категории на граѓани и помага на социјално загрозени случаеви и луѓе на кои им се потрбебни донации за лекување, во изминатиов период излезе во пресрет на десетици семејства и поединци.
Токму поради тоа, на социјалните мрежи веќе се апелира побргу да биде најден сторителот и случајот да се расветли. ,,Боки по нас со леб, а ние по него со камења и оган. Каков народ сме?’’ – се дел од коментарите по повод настанот.
Вики Клинчарова