Неготино и Кавадарци останаа без вода за време на Божиќ, поради мрзнење на хидро опремата на регионалниот систем за водоснабдување ,,Лукар’’.
Вчера, речиси цел ден во тиквешијата немаше вода за пиење, додека пак во Неготино истиот случај се повторуваше и за време на Коледе и Бадник, кога граѓаните беа соочени со вечерни, но и дневни рестрикции.
Според ЈП Комуналец Неготино, во четвртокот неготинчани останаа без вода поради работни активности на проектот за реконструкција на водоводната мрежа на улици во градот, додека за целовечерните рестрикции за време на празниците, но и неколкучасовните дневни рестрикции, од Службата за односи со јавност на Општина Кавадарци информираат дека причината се екстремно ниските температури и како две екипи на ЈП Комуналец се на терен и интервенираат по потреба на мрежата.
Освен што предизвика мрзнење на хидро опремата на системот за водоснабдување, ниската температура претставува и голема грижа за лозарите, кои што стравуваат од мрзнење на виновата лоза. Со температури и до минус 20 Целзиусови степени, можни се оштетувања на родните папки кои што се уште во мирување, но и мрзнање на тенките гранчиња.
ФОТО: Аџи
Вики Клинчарова