Заменик министерот пак побегна – вечерва од новинарите

by fokus

Дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика, Диме Спасов, вечерва ги избегна новинарските прашања по дадениот исказ во полициската станица во Карпош, јави порталот Нова.

Тој пристигнал во станицата околу 20 часот за полициска забелешка по синоќешните случувања откако според записникот, удрил со службен џип во два автомобила, по што побегнал.

Вечерва пак, возило со затемнети стакла влезе во дворот на полициската станица во Карпош што му овозможи на Спасов да ги избегне новинарските екипи кои чекаа државниот функционер да одговори на прашањата кои се важни поради неговата јавна функција.

Дополнителниот заменик-министер синоќа го сопрела полицијата во скопската населба Тафталиџе, каде што побегнал откако им одговорил на полицајците дека тој управувал со возилото.

Поврзани новости