Заменик командир на „Алфите“ бил со основно, а лажирал дека завршил средно образование, пишува „1тв“ откако министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, објави дека околу 40 лица вработени во МВР работеле со фалсификувани дипломи. При пероверката во МВР е откриено дека неговата диплома со средно образование е фалсификувана.
Како што рече Спасовски овие лица стигнале и до значајна функција во МВР, но по откривањето добиле отказни решенија и се здобиле со кривична пријава.
Телевизијата објави дека во друг случај, вработен во МВР напредувал неколку места со лажна диплома, а министерството откри дека истиот бил вработен како универзитетски професор, со лажна диплома.
Како што рече Спасовски кривични пријави биле поднесени и до факултетите кои ги издале тие дипломи.