Залутан куршум завршил во возило на жител од Сарај

by Фокус

Жител на Сарај пријавил дека од залутано зрно му била оштетена шофершајбната од неговото возило, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„Вчера во 15:00 часот Ш.А.(54) од с.Сарај, скопско, пријавил дека во селото од залутано зрно му била оштетена шофершајбната од неговото патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки“, велат од МВР.

Од таму информираат дека бил извршен увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости