529
Од утре следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, кои во западните делови и во крајните југоисточни подрачја ќе бидат пообилни. На места врнежите ќе бидат поројни, проследени со ретки грмежи. Во среда поради спуштање на постуден воздух од север, врнежите на планините ќе бидат од снег.
Потоа во наредните два дена времето ќе биде стабилно со пониски утрински и дневни температури.