Мијалков по една недела зад решетки во вторник ќе треба да биде спроведен на судење

by fokus

По речиси една недела зад решетки, во вторник екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, од истражниот затвор „Скопје“ треба да биде спроведен во Кривичниот суд. За во вторник е закажано судско рочиште за случајот „Титаник 2“ на СЈО, во врска со изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година.

Во овој случај обвинети се лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК Сашо Мијаков и поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.

Според „бомбите“ што ги објави СДСМ, а кои се прифатени како докази во судската постапка, Мијалков и Тачи се договарале за гласање на членови на ДИК во однос на поднесени приговори.

Притворот од 30 дена на Мијалков му беше одреден во средата, како обвинет во случајот „Таргет и Тврдина“.

Поврзани новости