„Законот за нефер трговски практики ќе го реши проблемот со зголемувањето на цените на производите“, вели Битиќи

by Fokus

Пратениците во Собранието што поскоро да го изгласаат Законот за нефер трговски практики и на тој начин може да се реши проблемот со евентуално зголемување на цените на производите кои не се пазарни, вели вицепремиерот Фатмир Битиќи.

„Во нашето општество не можеме да најдеме консензус што е исправно – кога ја носевме мерката за гарантирана цена бевме критикувани затоа што била спротивна на пазарната економија, сега сме критикувани од истите дека требала да се задржи. Законот за нефер трговски практики е одличен закон, усогласен со ЕУ директивите – тоа е решението, истакна Битиќи.

Тој појасни дека Државниот пазарен инспекторат секојдневно е на терен и во првиот момент кога ќе стаса извештајот дали и кои производи имаат зголемени цени соодветно ќе биде реагирано во јавноста, особено, како што рече доколку тоа се прави на организиран начин.

Според вицепремиерот, сите берзи се намалени и реално нема потреба од зголемување на цените на производите. Бара поголем општествен консензус затоа што, како што вели, консензусот се наоѓа каде што лежи законот, а тоа е во Собранието.

Поврзани новости