Законот за борба против корупцијата ќе се носи по скратена постапка

by fokus

Владата на Република Македонија во рамки на 115-та седница денеска донесе повеќе одлуки меѓу кои и за Законот за борба против корупцијата за кој се предлага да оди по скратена постапка во Парламентот, а утврден е и новиот текст на Предлог – законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

-Владата на Република Македонија на својата денешна 115-та редовна седница донесе одлука на Собранието на РМ да му предложи Предлог-законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси да се донесе по скратена постапка и со европско знаменце за да се донесе колку што е можно побргу со цел зајакнување на ефикасноста и независноста на Државната комисија за спречување на корупцијата и зајакнување на правната и институционална антикорупциска рамка за поефикасна превенција и борба против корупцијата, стои во соопштението од владината прес-служба.

На денешната седница на Владата беше разгледан и утврден новиот текст на Предлог – законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и донесе одлука да го достави до Собранието на Република Македонија согласно член 137 од деловникот на законодавниот дом.

Поврзани новости