Зајкова: Ќе дадеме поддршка за коалиција што ја дели европската агенда

by Fokus

Претседателката на ЛДП и пратеничка, Моника Зајкова денеска изјави дека на вчерашната средба на премиерот Димитар Ковачевски со лидерите на коалициски партнери на СДСМ, разговарале меѓудругото и за можноста за окрупнување на владиното мнозинство, а дали ќе дадат поддршка за тоа Алијансата за Албанците да влезе во владината коалиција, вели, ќе зависи од програмските цели на таа коалиција.

-За нас, се што значи движење на брзиот воз на Европската Унија и европска агенда, ние даваме поддршка, меѓутоа кога влегувате во една коалиција мора да знаеме кои ќе бидат програмските цели на таа коалиција, за што таа коалиција ќе се залага и која е целта, истакна пратеничката и претседателка на Либерално демократската партија, Моника Зајкова во однос на тоа дали за нив е прифатливо Алијансата за Албанците да влезе во владината коалиција.

– Досега јас не сум слушала ниту една партија да се огради дека не е за тоа и сите имаме иста цел, но имаме различни гледишта во поглед на решенијата и одлуките како да се стигне до таа цел. За ЛДП секогаш ќе биде важно какви идеали ќе дели таа коалиција и која програма ќе се застапува и од тоа ќе зависи дали ќе даде поддршка или не, рече Зајкова.

Поврзани новости