Захариева за одлуката во Парламентот во Скопје: Веруваме дека тоа е најправилното и единствено одговорно решение што дава шанса за благодет

by Fokus

Ја поздравуваме денешната одлука на Парламентот во Скопје со што се отвора процес за европска и евроатлантска интеграција на државата. Тоа го нагласува вицепремиерот и министер за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, јави БТА.

„Веруваме дека тоа е најправилното и единствено одговорно решение што дава шанса за благодет на сите граѓани во регионот. Го поздравуваме секој народен претставник кој го дал гласот во корист на заедничката иднина во НАТО и ЕУ. Ќе продолжиме да бидеме најискрен и близок пријател во тој процес, се наведува во соопштение што го пренесе бугарската агенција БТА

Поврзани новости