Захариева: Ќе работиме заедно на патот кон ЕУ

by fokus

Министерката за надворешни на Бугарија Екатерина Захариева смета дека договорт што Македонија и Грција ќе го потпишат в недела нема да се одрази на договорот што земјава лани го потпиша со Бугарија.

„Мислам дека двата договори се многу важни и ние правиме сѐ што е можно и даваме целосна подршка на крајот од месецот на првиот совет на 26 јуни, кога јас ќе преседавам, а потоа на 29 и 30 јуни кога е Европскиот совет, Република Македонија да ги почне преговорите за членство во ЕУ. Гледате дека со потпишувањето на договорот со нас колку повеќе е зголемена трговијата бизнисот и туристите меѓу двете држави. Тоа е целта да бидеме заедно и да работиме заедно на патот кон ЕУ“, рече Захариева.

Захариева денес се сретна со градоначалникот на Ново Село Боро Стојчев и донираше компјутери за потребите на детската градинка ,,Сонце’’.

Поврзани новости