403
На наредното рочиште за случајот Монструм, кое што е закажано за 5 јули ќе биде сослушан загрозениот сведок Е1.
Како што информираат од одбраната, постоеше можност на видео бим да се пушти снимката од исказот кој го дал сведокот на првото судење, меѓутоа одлучено е да се изврши негов повторен распит бидејќи случајот од неодамна го презеде СЈО.
Додека загрозениот сведок ќе кажува што видел кај Смилковското езеро на 12 април кога беа убиени четирите момчиња и рибарот, јавноста најверојатно ќе биде исклучена бидејќи досега ниту еднаш не било дозволено да присуствуваат на испрашување на ваков тип на сведоци.
В.В.