Неделковски: Непоштено, докторатот е украден од студија направена за државата!

by fokus

Водителот, Миленко Неделковски, објави фејсбук статус по информацијата дека поранешниот премиер, Никола Груевски, следната недела ќе брани докторат на Економскиот факултет во Скопје. Според Неделковски, некогашен поддржувач на власта предводена од Груевски, докторатот бил украден.

“Докторатот” е направен со превземање (копипастирање, крадење) материјал од истражувањето, анализата и физибилити студијата нарачана од нашата Влада, платена со наши пари, а изработена од реномирана компанија од Лондон. А, за проектот “Слободна финансиска зона” што требаше да се лоцира во касарната Илинден“, со хаштаг „непоштено“ напиша тој на својот фејсбук профил.

Докторатот на Груевски е на тема „Економските ефекти на различните видови меѓународни текови на капитал, со посебен осврт на Република Македонија“.

Поврзани новости