Загина возач во директен судир на автомобил и автобус

by fokus

Во директен судир меѓу автомобил и автобус на регионалниот пат Штип – Велес денеска загина возачот на автомобилот.

Се судриле автобус со велешки регистарски таблички и „шкода“ со скопски регистарски таблички, кои се движеле во спротивни правци. Возачот на автомобилот загинал за лице место и се уште не е идентификуван.

Увид на лице место направила екипа на полициската станица во Свети Николе и Основен јавен обвинител од Свети Николе.

Поврзани новости