Димитров на Твитер: Преговорите за името во деликатна фаза, шпекулациите се штетни

by Fokus

По демантот на грчкото МНР дека македонската страна се согласила на уставни промени, и министерот за надворешни работи на Македонија Никола Димитров се огласи на Твитер, велејќи дека преговорите за името се во деликатна фаза и оти шпекулациите се штетни.

– Процесот за спорот за името е во деликатна фаза и шпекулациите од одредени медиуми се штетни. Јас стојам на моето јавно соопштение и ја информирам јавноста дека не сум дал дополнителни неформални изјави, објави Димитров вечерва на Твитер.

Поврзани новости