Загина градежен работник во скопски Чаир

by Fokus

Во Градската општа болница „8 Септември“ синоќа било пријавено дека околу 12 часот кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Ч.В.(63) од Куманово, кој во 22 часот починал.

„Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување на градежни работи на подрачјето на Чаир. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција“ – велат од МВР.

Се работи на расчистување на случајот.

Поврзани новости