Зафировски: Очекував премиерот да е на црната листа на САД

by Fokus

Поранешниот антикорупционер Воислав Зафировски за црната листа на Стејт Департментот вели дека тоа значи дека САД останува цврсто посветен во борбата против корупцијата. Тој во гостување на емисија на тв Алфа рече дека амбасадорката Анџела Агелер доследно се бори против корупцијата во земјата и порача дека црната листа ги размрда институциите во Македонија бидејќи сега обвинители ќе испитуваат зошто предмети за Рамиз Мерко се чувале во фиока.

Зафировски рече дека Рамиз Мерко и црната листа направиле дефокус во јавноста и повеќе не се зборува за Бехтел и Енка.

Зафировски искрено рече дека очекувал да го виде името на премиерот на листата.

„Очекував премиерот да е на листата бидејќи сопругата со свои пари влезе во бизнис за промет на електрична енергија. Бракот е заеднички имот и премиерот учествува во таа приказна. Дозволи на неговата сопруга да биде продадено државно земјиште за изградба на фотоволтаични централи“ рече Зафировски.

Во однос на црната листа и струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, Зафировски порача:

„Целиот настан има интересна димензија, повеќеслојна, не е едноставно како што личи на прв поглед. Од тоа што кажа, Мерко нема најава да оди од градоначалничката позиција, само ја замрзнува својата функција во партијата. Најави дека ќе работи како градоначалник и ќе соработува. Пркоси на она што треба да го погоди. Во најмала рака требаше да си даде оставка“ смета Зафировски.

Тој изјави дека Мерко како владетел на тој простор останува бидејќи партијата и Али Ахмети застана зад него, а СДСМ молчи.

„Јовевски е загрижен дали ќе е избран за уставен судија или нема да биде избран, а ако оди во пензија по промената на власта ќе мора да одговара за кардиналните грешки во неговото работење и тој е на крстопат. Ако преземе нешто против Мерко во тој случај може да не биде избран за уставен судија и затоа калкулира“, рече Зафировски.

Поврзани новости