Премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју на Канал 5 рече деа е свесен дека договорот со Грција боли, но и дека македонскиот народ и јазик ќе биде признаен во целиот свет и дека веќе нема да не ословуваат како „народот на вашата земја и вашиот јазик“.
-Јас многу верувам на Договорот и сум многу среќен што по важно прашање за кое се целосно информирани, граѓаните ќе имаат можност да одлучат. Граѓаните на рефереднум точно ќе кажат по кој пат ќе се движиме. Договорот е јавно достапен, критичниот осврт на опозициите во двете земји покажуваат дека двете страни нешто добиле, а нешто изгубиле. Со договорот имаме земја признаена од целиот свет во која живее признаен македонски народ со македонски јазик. Знам дека договорот боли и чепка во душната, менуваме Устав, но факт е дека нашиот дел од Македонија е северниот. Но, добиваме признаение од Грција за македонски јазик и македонски народ, рече Заев.