Заев: Ме боли промената на уставното име, но ниту тужбата во Хаг не помогна

by fokus

На прашањето што го боли најмногу од Договорот со Грција, премиерот Заев во вечерашното интервју на Канал 5 рече дека тоа е промената на Уставот со цел промена на уставното име, но дека тоа било неизбежно за постигнување решение.

-Моравме да прифатиме промена на Уставот за промена на уставното име. Се уште во нашиот јужен сосед имаме бели листови на граница, имавме нападнати граѓани таму. Ете и тужбата во Хаг ја добивме и повторно евроинтеграциите не беа откочени. Мораше да се преземе овој чекор, рече Заев.

Поврзани новости