Премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција со Еди Рама упати жестоки критики кон ЕУ, бидејќи не успеала да ја спречи блокадата на Бугарија. Рече дека денес Европа има проблем, а проблемот е самата ЕУ.
-Денес Европа има проблем. Големата идеја за за обединета Европа има проблем. А проблемот е самата ЕУ. Брисел ни порача дека не успеа да најде начин да ја обезбеди заслужената интеграција на Западен Балкан. Е тоа е проблемот. Тоа што 26 членки не успеваат да спречат блокада од една земја членка, тоа е проблем на Европа предизвикан од самата ЕУ. Но, ние не сме сами и нема да бидем изолирани. Македонскиот и албанскиот народ имаат ист пат, иста визија и исти вредности, а тоа се европските вредности. Ние сме Европа без разлика дали ЕУ ќе успее да ги тргне блокадите или не. Нашите народи и Влади среде Балкан покажуваат европски манири. Тука сме со премиерот Рама за да најавиме дека ќе си ги зближиме уште повеќе народите, најави Заев.