Вчера се вакцинирале 5.407 граѓани

by fokus

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, информира министерот за здравство Венко Филипче.

-Вкупно се аплицирани 488.010 дози вакцини, а ревакцинирани се 206.163 граѓани. Вчера вкупно се вакцинирале 5.407 граѓани.
Прва доза вакцина вчера примиле 3.263 граѓани.
Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 458.040 граѓани, вели Филипче.

Според досргашната статистика, 51% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, а 45% од населението над 65 години имаат примено барем една доза вакцина
Со последните бројки 38% од населението над 60 години имаат примено барем една доза вакцина

-Пријави се на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат до термин за вакцинација, апелира Филипче.

Поврзани новости