Заев во Теарце: Убеден сум во победата!

by fokus

Лидерот на СДСМ Зоран Заев вечерва се обрати пред жителите на Теарце на митингот во спортската сала од основното училиште „Кирил Пејчиновиќ”.

– Убеден сум  во убава победа во Теарце и зборувам за тоа по цела Македонија и ќе зборувам за тоа по цела Македонија. Дојден сум овде да побарам подршка но и да си го дадам зборот. Да знаете дека со оваа подршка што ја дадовте и во првото гласање и сега што ќе ја дадете имам намера да вратам, да вратам затоа што имам намера да работам во ваше име и за ваши права.

Вака победнички настроен, убеден дека ќе ја формираме владата дојдов да побарам подршка оти ни е важна, оти на вас ви е важна а за тоа и мене ми е важна. Некои велат дека 304 гласа треба да имаме повеќе од нив. Тоа не е недостижно и знаеме дека можеме да го постигнеме и тоа. Но јас ќе ви се поклонам и со победа затоа што владата ние ќе ја формираме, а Теарце ќе биде гордо ако победи. Ајде заедно да победиме за цела Македонија.  – рече Заев.

Поврзани новости