БЕСА ја одби поканата на Ахмети

by fokus 22:41
22:41

Централното претседателство на партијата вечерва одлучило БЕСА да не се појави на средбата што ја иницираше лидерот на ДУИ Али Ахмети, велат од БЕСА за 24 вести.

Ахмети ги покани лидерите на сите партии на Албанците што освоија пратенички места во Собранието утре на ручек за да се обидат да се договорат за заедничка албанска платформа и заеднички став за албанските барања.

- Advertisements -

Досега поканата ја прифатија единствено од Алијансата за Албанците, додека од ДПА нема одговор дали ќе се појават.

Поврзани новости