Заев: Во снимките се потврдува дека можно е Чауш да имал допир со „бомбите“, но откако биле дадени на преведување

by fokus

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на денешната прес конференција рече дека вчера објавените снимки во кои  се слуша неговиот глас, потврдиле дека уште тогаш бил убеден дека граѓаните ќе поддржат демократски, а не режимски политики.

-Разговорите докажуваат дека сум бил убеден дека граѓаните ќе поддржат демократски, а не режимски политики. Тоа дека граѓанските организации се многу поблиски до демократиски политики за чиј предводник се сметав, отколку за режимските политики на Груевски и Мицкоски. Јас добро знам дека нема сила што ќе ги контрола граѓанските организации. Разговорот потврдува дека бомбите се дадени на СЈО, и никаде освен во СЈО. Таму се потрдува дека можно е Чауш како Албанец да имал допир со бомбите, но откако биле дадени на преведување за да можат да бидат објавувани. Слушате и моја јасна определба за расчистување на криминалнците и криминалот, рече Заев.

Поврзани новости